Потребна ви е помош?
+389 (02) 2520999

WOLFCRAFT МОЛИВ-МАРКЕР ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ 5215000

680 ден.
Потребни наградни поени: 799
  • Производител: wolfcraft
  • Шифра:5215000
  • Наградни поени:100
  • Достапност:На залиха




или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 3000 ден.

Опис на производот
Моливот за обележување е совршена алатка кога сакате да правите ознаки на тешко достапни места. Со својaтa тенка сива универзална мина со дијаметар од 2,8 mm и тенкиот држач за мина со дијаметар од само 5,7 mm, можете лесно обележувате во дупки длабоки до 4 cm. Кога работите со шаблон, моливот нуди прецизно водење на рабовите. Се одликува со ергономска пластична рачка со жлебови за прстите и ребреста површина за удобна и нелизгачка употреба. Универзалната мина од 120 mm обезбедува јасно видливи ознаки на површини како гипс картон, пластика, метал, камен, бетон, обработено дрво и ламинат. Ознаките од моливот може лесно да се отстранат со влажна крпа или гума за бришење. Мината можете едноставно постепено да ја вадите со притискање на копчето. Цврстиот метален држач за мина ја штити од кршење. За да го наполните маркерот кога е потребно, едноставно одвртете го капачето и додадете мина (достапни посебно да се купат). Ова гарантира долгорочна употреба. Кога е потребна максимална прецизност на означување, наострете ја мината со острилката интегрирана во капачето.
Маркерот е опремен со практична рачка за да можете да го прикачите на вашиот ремен или џеб за лесен пристап кога ви треба. Паметна алатка која ќе стане сигурен придружник во бројни проекти.

Својства
- Маркер-молив за означување на тешко достапни места - идеален за употреба во мали дупки или со шаблони
- Вклучува сива универзална мина, Ø 2,8 mm, должина 120 mm, за означување на различни површини како гипс картон, пластика, метал, камен, бетон, обработено дрво и ламинат
- Цврста метална водилка за мина за ефикасно спречување на кршењето на мината
- Екстра тенка метална водилка за мин, Ø 5,7 mm, за правење ознаки во дупки длабоки до 4 cm и за прецизно водење на рабовите
- Ергономска пластична рачка со жлебови за прсти и ребреста површина за удобно работење без лизгање
- Механизам со копче за лесно постепено вадење на мината
- Капаче на одвртување за ставање на мини (арт. бр. 5216000)
- Интегрирана острилка во капачето за острење на мината за максимална точност на обележувањето
- Рачка за прикачување на маркерот за лесен пристап, на пр. на појас
- Ознаките може лесно да се отстранат повторно со влажна крпа или гума, за чисти површини

Технички податоци
- Тежина на производот: 0,022 кг
- Димензии на производот (Ш x Д x В) 13 x 154 x 19 mm

Обем на испорака
1 Молив за обележување
1 Сива универзална мина

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Акција