



Стандардното плаќање е на 6 рати без камата. По успешната нарачка може да побарате продолжување до 12 рати преку info@diners.mk.
Приближно 3.834 ден. месечно
Прикажаната месечна рата е информативна. За 7–12 рати, одобрувањето и важечките услови ги определува Diners.
Прочитај повеќе →Продолжете во официјалниот iute процес за апликација и потврда.
Приближно 3.834 ден. месечно
Одобрувањето и финалната пресметка ги дава iute.
Прочитај повеќе →Платежна картичкаПлаќање со Visa или Mastercard преку заштитената платежна форма.Прочитај повеќе →
Готовина при доставаПлатете при прием, кога методот е достапен за нарачката и адресата.Прочитај повеќе →
Фактура / банкарски трансферПлаќање по фактура или банкарски трансфер; обработка по евидентирана уплата.Прочитај повеќе →
GREE Pular Premium GWH07AGA-K6DNA1A е ѕиден inverter клима уред од 7.000 BTU со G10 inverter, Wi‑Fi, I‑Feel и Self‑Clean.
GREE Pular Premium GWH07AGA-K6DNA1A е 7.000 BTU inverter модел со 2,20 kW ладење и 2,40 kW греење. Pular серијата е насочена кон секојдневна употреба со G10 inverter, Wi‑Fi, I‑Feel, Self‑Clean, Turbo и Quiet режими.
Капацитетот на ладење се движи од 0,30 до 2,85 kW, а на греење од 0,60 до 2,90 kW, па компресорот не работи само во една фиксна точка.

I‑Feel ја зема предвид температурата околу далечинскиот управувач, а вграденото Wi‑Fi овозможува далечинско управување преку GREE+ апликацијата.


Self‑Clean и X‑Fan помагаат испарувачот да се исуши и одржува по циклус на ладење. Функциите не ја заменуваат редовната сервисна проверка.

Моделот има SEER 6,6 и SCOP 4,0 за Average climate, со енергетска класа A++ при ладење и A+ при греење. Работниот опсег е -15°C до 43°C при ладење и -15°C до 24°C при греење.
На најниската брзина звучниот притисок е 21 dB(A), а максималниот проток е 520 m³/h.
Не избирај само според квадратура. Изолацијата, висината, прозорците и начинот на користење влијаат на реалната потребна моќност.
| Модел | GWH07AGA-K6DNA1A |
| Капацитет | 7.000 BTU |
| Ладење | 2,20 kW (0,30–2,85) |
| Греење | 2,40 kW (0,60–2,90) |
| Енергетска класа | A++ / A+ |
| SEER / SCOP | 6,6 / 4,0 |
| Проток | до 520 m³/h |
| Минимална бучава | 21 dB(A) |
| Wi‑Fi | Вградено |
| Фреон | R32 |
Разгледај ги и сите инвертер клими.
Технички податоци
Нема рецензии во моментов