Политика за приватност
Политика за заштита на лични податоци
Последна промена на: 05.07.2021
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната www.krusel.mk и објаснува како КРУСЕЛ ДООЕЛ Скопје ("www.krusel.mk", "нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.krusel.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
КРУСЕЛ ДООЕЛ Скопје гo задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
3. Како www.krusel.mk ги користи податоците
4. Кога и како www.krusel.mk открива податоци
5. Како www.krusel.mk ги собира податоците
6. Безбедност на податоците
7. Пристап и промена на Вашите податоци
8. Социјални мрежи
9. Приватност на трети страни
10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
11. Терминологија
12. Време на чување на собраните податоци
13. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
14. Промена на политиката за приватност
____________________________________
1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
пристапувате или го користите нашиот сајт;
се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на www.krusel.mk;
ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
контактирате со нашата корисничка поддршка
оставате коментари на сајтот;
ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
давате информации на наши Бизнис провајдери;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот ("Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на нашата банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
1.1 Формулар „Моја сметка“ и „Најави се“
Доколку сакате да Ви овозможиме онлајн купување на нашите производи, следење на тековните нарачки и увид во претходните нарачки, потребно е да се регистрирате внесувајќи ги следните лични податоци:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и поштенска адреса)
• Поштенски број
• Град
• Држава
• Регион (доколку има поделени зони на испорака)
Кога се регистрирате, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица. Откако еднаш ќе се регистрирате, во иднина е потребно само да се најавите за да можете онлајн да купувате.
1.2 Формулар „Електронски билтен“
Доколку сакате редовно да добивате новости и понуди за нашите производи, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:
• Е - адреса
Веднаш под формата „Електронски билтен“, Ви нудиме можност да се запознаете со оваа Политика за приватност и Услови и согласност за директен маркетинг
1.3 Формулар „Контакт“
Доколку сакате да не контактирате и да одговориме на Вашата порака, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
• име
• Е-адреса
Веднаш под формата „Контакт“, Ви нудиме можност да се запознаете со оваа Политика за приватност.
1.4 Формулар за „Рекламација и враќање на производ“
Доколку сакате да го остварите законското право за рекламација и враќање на производ, потребно е претходно да се регистрирате и најавите на вашата сметка со:
• е-пошта и лозинка
По најавата ќе се искористат ваши лични податоци оставени при регистрација на продавницата, за реализација на рекламацијата и тоа:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и домашна адреса)
• број и датум на нарачка
• трансакциска сметка - само доколку е потребен поврат на средства
1.5 Формулар „Партнерска програма“
Доколку сакате да станете партнер и да ги препродавате нашите производи или услуги, потребно е да се регистрирате, а исто така и да бидете одобрени од администраторот на интернет продавница внесувајќи ги следните лични податоци:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и поштенска адреса)
• Поштенски број
• Град
• Држава
• Регион (доколку има поделени зони на испорака)
• Трансакциска сметка - доколку се работи за физичко лице
Кога се регистрирате како партнер, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат во делот за партнери. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица. Откако еднаш ќе се регистрирате како партнер, во иднина е потребно само да се најавите за да можете да ги следите вашите партнерски награди и да го преземате партнерскиот код.
1.6 Вредносен ваучер (подарок) - Подари на пријател/Купи вредносен ваучер. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да купите ваучер за пријател, ќе биде потребно да внесете:
• Името на примачот
• е-маил адреса на примачот - како би можеле електронски да го испратиме ваучерот кој ќе може да се искористи за купување на соодветни производи и услуги од нашата продавница.
• Вашето име
• Вашата е-пошта
Со купување на ваучерот - автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на примачот со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот веб сајт. www.krusel.mk ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок. Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на info@krusel.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни активности, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која www.krusel.mk ја има со вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
При самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања, прочитајте повеќе за промотивните емаил пораки на овој линк. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "Регистација / НЕ" во вашата корисничка сметка. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
(б) Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.krusel.mk. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу www.krusel.mk и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.
3. ЗА КОИ ЦЕЛИ КРУСЕЛ ДООЕЛ Скопје ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
анализа и спроведување на истражувања;
да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу www.krusel.mk и нашите бизнис соработници;
да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
да ви овозможиме да аплицирате за работно место, да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите Бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме;
4. КОГА И КАКО КРУСЕЛ ДООЕЛ Скопје ОТКРИВА ПОДАТОЦИ
Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери. Овие "трети лица - Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на нашата банка со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за www.krusel.mk продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме www.krusel.mk продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".
5. КАКО КРУСЕЛ ДООЕЛ Скопје ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на www.krusel.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување или искористувате купони/ваучери или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме, телефон и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
6. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.
Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.
Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме и која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Моја сметка”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@krusel.mk со email - адресата која сакате да се замени и новата адреса.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@krusel.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus)
www.krusel.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.
9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.krusel.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
www.krusel.mk не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.krusel.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
11. ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на www.krusel.mk, како на пример процесирање на трансакции, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
12. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
13. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Роберт Зафировски на телефон 02/252-0999 или на следниов e-mail: info@krusel.mk
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права
14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.